Котромановиќ: Многу луѓе вклучувајќи и државни фирми печалат од приливот мигранти

Од:

Хрватскиот министер за одбрана Анте Контромановиќ изјави денеска дека многу луѓе, дури и државни претпријатија, печалат од приливот на мигранти на Балканот.

За време на посетата на камп за мигранти во источниот дел на земјата, Котромановиќ рече дека масовното бегство на Сиријци од војната и на други имигранти од сиромаштијата, е „голем бизнис кој е организиран“.

– Додека имигрантите стигнат до нашите граници, некои луѓе печалат големи пари, рече министерот.

Тој не изнесе детали, но хрватски официјални претставници претходно изјавија дека во Србија имигрантите плаќаат неразумно високи суми на возачите на такси и на државни автобуски компании, за да ги одведат до хрватската граница, од каде се упатуваат кон Унгарија и Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник