Албанскиот амбасадор во Белград одби да прими протестна нота

Од:

Амбасадорот на Албанија во Белград, Илир Бочка одби да ја прими протестна нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија.

– Спротивно на дипломатските правила и пракса албанскиот амбасадор Илир Бочка одби да одговори на повикот на МНР и да ја прими протестна нота од Република Србија поради тежок инцидент и напад врз српската фудбалска репрезентација со образложение дека ништо не се случило, соопшти српското МНР.

МНР на Србија најави дека поради таквиот непримерен чекор на Бочка ќе преземе соодеветни мерки во согласност со дипломатската пракса.

Инцидентот се случил вчера на пат од аеродромот до хотел во Тирана, кога автобусот бил нападната со камења од страна на засега непознати лица.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија