(ВИДЕО) Костова: Срамот за цензура на „бомбите“ ќе го носат тие што ќе го гласаат законот

Од:

Законот за забрана на „бомбите“ е небулозен, велат новинарите кои вечерва дојдоа на протестот пред Собрание, во знак на револт против цензурата што се предвидува со предлог- законот, што вчера го обелоденија предлагачите од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Дојдовме и на овој протест, но протестираме и преку социјалните мрежи и преку нашите медиуми против овој небулозен и глупав закон,кој е опасен по сите демократски тенденции. Не сакам зборувам за слобода за медиумите зашто ваква лудост да се стокми, со оние драконски казни, кои се монструозни, а во кои не можете да разберете како тие ќе вршат контрола на прислушуваните материјали во странство да не се објават, ќе влегуваат ли по домовите да ни ги одземаат материјалите, треба ли по подруми да одиме да слушаме? Ова е како „шестојануарска диктатура“, вели Јадранка Костова, главен и одговорен уредник на „Фокус“.

Според неа, сосема е различно да се забрани идно објавување на прислушувани материјали од ова што сега се предвидува во предлог законот.

– Се друго е невидена глупост и голем срам за Македонија, доколку таков закон помине, со такви небулозни одредби, мислам дека срамот ќе го носиме сите, особено оние кои ќе го гласаат, додава Костова.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ