(ВИДЕО) Граѓани: Споменикот на Мајка Тереза почна да се гради – Господ нека ни е напомош!

Од:

Почна да се гради спомен обележјето на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Во ноќните часови помеѓу вторникот и средата се сечеле дрвјата каде треба да биде изграден споменикот со висина од 32 метри.

Министерството за култура овој споменик го нарекува „објект со скулптурална композиција“, бидејќи зазема површина 621 метри квадратни. Откако се исечени дрвата, почнати се подготвителните работи и поставени се и дополнителни безбедносни камери, а обезбедувањето на објектот, освен што не дозволува да се фотографира и снима објектот, кој што е на јавен простор, ги пренасочува граѓаните што тргнале кон плоштадот. Граѓаните се револтирани што повторно се трошат нивните пари за споменици.

– Ова е лудост, денес Мајка Тереза, утре ќе им текне други „балавудии“ овде што ги градат, катастрофа жива! Имаат пари за се, ама за народ немаат пари. Народот само страда, гладни…Гледајте по контејнери се повеќе и повеќе, тоа е катастрофа, Господ нека ни е напомош, вели граѓанин

– Нека се прави зошто да не, само треба да се инвестира повеќе во младината. Многу споменици се прават, а за младината и заспортот ништо не се прави, вели студент

– Не сум задоволен зашто овде има само некоја стрелка, кој ја видел, кој не. А за споменикот – што да мислам, на сите слични работи, ова е капак!, вели граѓанин.

Градежните работи во наредните 18 месеци ќе ги изведува скопската фирма „Бетон“, која за реализација на „објектот со скулптурална композиција“ од Министерството за култура доби финансиски средства во висина од 342.223.926 денари или околу 5,6 милиони евра.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски