Милановиќ: Србија од изутрината не е држава

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска повторно поради бегалската криза ја обвини Србија дека не прави „апсолутно ништо“ и дека „не функционира како држава“, додавајќи дека за него единствена важна адреса е Западот.

– Би сакал нашите источни соседи да функционираат како држава и тие тоа го можат, но не сакаат. Србија од изутрината не е држава, можеби имаат помали ресурси и во некои области послабо функционираат од Хрватска, но Србија не е од третиот свет и не прави апсолутно ништо, реле Милановиќ, пишува „Вечерњи лист“.

Тој на собирот на активистите и симпатизери на СДП во Сисак додаде дека границата со Србија засега останува отворена.

Милановиќ изјави дека „ситните лобија и различните интереси на некои комори и партиски врски на тие комори“ нема да го спречат да донесе одлука, која е во интерес на Хрватска и нејзините граѓани.

– Тоа е број еден, луѓето денеска да можат да одат во црква, а ако не одат во црква да можат да одат на кафе или безбедно да се чувствуваат дома, рече тој.

– Се друго е споредно, дали некој камион со играчки или чоколади во Србија ќе пристигне денеска или следниот месец тоа не е приоритет. Важно е и тоа, но не е приоритет. А оние кои се однесуваат како Будимпешта и Белград слободно нека продолжат со тоа, рече Милановиќ.

Тој истакна дека е во постојан контакт со австрискиот канцелар, кој е на чело на државата која е на удар, додека Хрватска е само транзитна држава.

– Разменуваме информации и за мене е важна адресата, тоа е Западот, додаде хрватскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ