Вулин: Имигрантите во Србија имаат слобода на движење

Од:

Имигрантите имаат слобода на движење во Србија и сами одлучуваат на кој граничен премин ќе отидат, изјави денеска српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин, истакнувајќи дека српскиот азилен систем е подобар од хрватскиот.

– Ние имигрантите не ги трупаме во вагони, не ги насочуваме и не ги водиме на Хоргош, како што не ги водиме ниту на Товарник, туку сами одлучуваат каде ќе одат, рече Вулин, реагирајќи на изјавата на министерот за полиција на Хрватска Ранко Остојиќ, кој на Србија и порачал да „не ги мачи имигрантите и да не ги праќа во Хрватска“.

– Тоа можат да го посведочат и европските комесари кои од премиерот Александар Вучиќ добија јасен став дека за тоа воопшто не се преговара, рече Вулин.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца