Малезискиот премиер ќе мора на суд да докажува од каде му се 670-те милиони долари

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак денеска од Врховниот суд на Малезија доби налог до 1 октомври да ја подготви својата одбрана во врска со обвинувањата дека од државниот Фонд за развој на негова приватна сметка лани биле уплатени над 670 милиони долари.

Аферата, што во јули ја обелодени влијателниот „Азијан Волстрит Џурнал“, добива и меѓународни размери, бидејки и во САД денеска е објавено дека е покрената федерална истрага за перење на пари од страна на посинок на премиерот Наџиб и негови соработници.

Малезискиот премиер постојано демантира дека 670-те милиони долари на неговата сметка биле префрлени од домашниот Фонд за развој, туку тврди дека тие биле донација за политичка активност од пријатели од Средниот Исток. Досега, Разак не го открива тој извор

За да ги замолчи домашните критичари, Наџиб Разак неколку дена по откривањето на аферата ги смени потпретседателот на Владата и државниот обвинител, а комисијата што требаше да го испита случајот издаде соопштение дека големите пари на сметката на премиерот не биле од Фондот за развој.

Иако се уште има контрола во владејачката партија УМНО, која се спротивставува на покренување на нова истрага и евентуален импичмент, премиерот Разак ќе мора да се појави пред судот.

Истерување на вистината побарала Анина Саадудин, висок функционер на УМНО, која во „реконструкцијата“ по избивањето на скандалот, беше сменета од функцијата и избркана од партијата на Разак.

Зад барањата да се открие вистината за потеклото на 670-те милиони долари стои и поранешниот малезиски премиер Мохатир Мохамад. Иако е во деветтата деценија од животот, Махатир има големо полтичко влијание во Малезија. Тој беше и политичкиот ментор на сегашниот премиер, а поради откриените пари на приватната сметка и загубата од над девет милијарди долари што лани ја имал Фондот за развој на Малезија, со кој раководи Наџиб Разак, Махатир бара оставка на неговиот наследник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски