Огромна е омразата која владее кај месното населени во Гевгелија кон бегалците.
Мене не ми беше дозоволено да влезам во ресторан затоа што држев за рака дете од Сирија.
Сопственикот на ресторанот ми рече “вие не можете да влезете тука, може сама, а нив да си ги носиш дома“.
Ме тераа да одам да гледам колку било валкано во Гевгелија, а тие таму им продаваат пет пати поскапо се на бегалците.
Јас успеав да ја известам директораката на Цетарот за управување со кризи да се смени цената на билетот за воз, ова е чиста дискриминација. Јас бев засрамена, дека некој може да има таков однос кон дете кое седум дена одело по планини, некој да му рече дека не може да влезе. Тоа е страшно, рече извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Уранија Пировска на дебата посветена на бегалската криза во регионот “Бегалците на патот од опасност и несигурност кон неизвесност: Како да се обезбеди хуман и праведен третман?
Според Пировска, сето ова се случува поради многу непознаници кои од страна на одредени медиуми се злоупотребуваат со што се придонесува за ксеонфобија и омраза.
-Ние гледаме зошто бегаат овие луѓе, но многумина не го знаат тоа. Официјални податоци на ОН од јануари 2012 година до денес е дека 5 милиони луѓе се излезени од Сирија и Авганистан. Во 2015 година, 500.000 се влезени во Европа, што значи треба да очекуваме голем прилив во нареднот период. До крајот на оваа година се очекува да влезат уште 200.000 бегалци во Македонија.
Хелсиншки комитет беше сведок на прекумерна употреба на сила на македонксата граница, во целиот овој период отсуствува присуство на државата, рече Пировска.
Според неа, бегалците се уште зависат од донациите на Легис и другите хуманитарни организации, и невладините организации, а државата заработува од маката на бегалците.