Хрватска испрати воз за прифаќање на бегалците на границата со Србија

Од:

Хрватските власти денеска испратија воз со капацитет за илјада патници до границата со Србија, каде од утринава пристигнуваат мигранти.

Возот со 11 вагони тргнал од Загреб во правец кон Винковци, каде треба да пристигне попладнево. На околу 13 километри од Винковци се наоѓа градот Товарник, каде се врши регистрација на мигрантите од страна на хрватската полиција.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека до денеска попладне биле регистрирани 350 бегалци.

Според локалните медиуми, возот ќе ги транспортира мигрантите во прифатен центар во Загреб.

– Хрватска е подготвена да прифати до 1.500 бегалци дневно и ќе бара дозвола за зголемување на капацитетите, доколку бројот на мигрантите се зголеми, изјави Остоиќ.

Хрватска очекува да пристигнат околу 4.000 бегалци во следните денови.

Во исто време, официјален претставник од ЕУ нагласи дека евентуално воспоставување коридор преку Хрватска со цел бегалците да можат да продолжат кон саканите дестинации, би претставувало кршење на европските закони и обврски на земјите-членки.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами