Во Тајланд направен заштитен елек од куршуми од природна свила, поефикасен од класичните

Од:

Иноваторскиот тим од фабрика за производство на природна свила, која се добива со одгледување на познтатат свилена буба, на јавноста во Тајланд  и го претставија заштитниот елек од куршуми, изработен од влакната на кожурките на свилената буба Ваквиот елек е повеќе пати полесен и поефикасен за запирање на куршумите кон телото од  „класичните’’ заштитни елеци што ги користат полицијата и армијата.

Пронаоѓачите ја одбрале свилата за основа на заштитата од куршуми поради тоа што овој природен материјал и покрај тенките влакна е неверојатно јак и растеглив. Заштитниот елек, кој задржува удар до 4,8 гигапаслкали и лесно се прилагодува на телото, запрел, или им ја намалил брзината на ударот на куршумите испукани од оружја со калибар 22, па дури и од познатите М-16 автомати.

Пронаоѓачите добиле охрабрувачки оценки од полициските и армиските експерти за квалитетот на елекот. Комплетиран, овој заштитен елек има дебелина од 20 милиметри и тежи 4 килограми.

Природната свила која се добива од бубата која се храни со лисја од дудинка, масовно се произведува во Кина и соседните јужни држави. Во Македонија свилената буба порано се одгледуваше во подрачјето на Гевгелија, а се уште е актуелна во Војводина, Србија и во Славонија, Хрватска.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ