Нико Ковач повеќе не е селектор на Хрватска

Од:

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Нико Ковач денеска доби отказ, потврди претседателот на ХНС Давор Шукер.

Првиот човек на Хрватскиот фудбалски сојуз го разреши Ковач по последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство кога „коцкестите“ одиграа нерешено против Азербејџан (0:0) и загубија од Норвешка (2:0).

– Не очекувавме да дојде до вакво нешто, но резултатите си го направија своето и поради тоа отпуштени се селекторот и сите членови на стручниот штаб, соопшти Шукер на прес-конференција.

Наследникот на Ковач ќе биде избран на 21 септември, а најголеми шанси да застане на чело на хрватската репрезентација му се даваат на тренерот на Динамо Анте Чачиќ.

Хрватска во моментот се наоаѓа на третото место во групата Х во квалификациите со 14 бода, четири помалку од водечката Италија и два помалку од второпласираната Норвешка.

Во последните два круга Хрватска на 10 октомври ја пречекува Бугарија, а три дена подоцна и гостува на Малта.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

А1он