Шојбле: Земјите од ЕУ да дејствуваат заеднички кон мигрантската сила

Од:

Германскиот министер за финансии Волганг Шојбле ги повика земјите од ЕУ да „дејствуваат заедно“ кога станува збор за мигрантската криза со која е соочена Европа, пренесува Танјјуг.

Берлин и други престолнини од ЕУ повикаа на носење  обврзувачки квоти за приемот на бегалци за секоја членка на Унијата, како и на заеднички правила за давање азил.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во среда би требало да го претстави планот за релокација на 120 илјади бегалци од преоптоварените земји, како што се Италија, Грција и Унгарија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ објави дека според тој план Германија би требало да прими 31 илјада мигранти, Франција 24 илјади, а Шпанија околу 15 илјади.

Би можело да ве интересира

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ