ФОТО: Ова е најнаелектризираното место во светот

Од:

Ако верувате дека гром никогаш не удира два пати на исто место, тогаш сигурно не сте биле во близина на езерото Маракаибо во Венецуела.

До илјада пати во еден час светнуваат молњи над езерото Маракаибо. Таквиот феномен носи разни имиња, како што е Светилникот Маракаибо, Катаумбо молљи или „вечната бура“.

Маракаибо 5

На местото каде реката Кататумбо се сретнува со езерото Маракаибо во просек има 260 бурни денови во годината, додека годишно на квадратен километар удираат до 250 молњи.

Поради тоа езерото е наречено место со најголема концентрација на молљи во светот и е запишано во Гинисовата книга на рекорди.

Маракаибо 2

Пикот на бурите е во месец октомври, кога над Кататумбо може да се видат во просек 28 молњи во минута, а ноќе небото е осветлено од илјадници молњи што создаваат природен електрицитет.

Досега нема научно потврдена теорија за причините поради кои настануваат молњите над езерото Маракаибо.

Кататумбо молњите се толку светли што може да се видат на оддалеченост од дури 400 километри, поради што голем број локални морнари ги користат за навигација.

Маракаибо 3

Сателитот „Тропикал Рејнфол Межринг Мишн“, кој е заеднички проект на НАСА и јапонската агенција за истражување на воздушниот простор, 17 годни собираат метеорски податоци. Со помош на добиените податоци научниците имаат изработено карта на светски најнаелектризирани места.

Маракаибо 1

Претходно, планинското село Кигука во Конго, во средишна Африка, се сметало за најнаелектризираното место во светот. Таму годишно светнуваат 158 молњи на квадратен километар.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ