Штипскиот стоматолог, Зоран Џидров заедно со уште шестмина алпинист од Балканот го искачија врвот Ибн Сима или познат како Ленинов врв на Хималаите. Врвот е висок 7.134 метри, а експидицијата „Балкан тим“ го искачувала две недели.
– Самото искачување трае две недели, со сите тие климатизациони периоди. Почнуваш од 3.600 метри, каде што беше базниот логор, се качивме на 4.400 метри или Ц1 првиот логор, со тоа што таму преноќивме. Наредните два дена се качувавме до 5.300 метри или Ц2, но таму не спиевме, поради климатизацијата се враќаш на 4.400 метри, после два дена преноќуваш на 5.500 метри. Следната дестинација е 6.600 метри или Ц3, која што во 90 % од експидициите е појдовна точка за искачување на самиот врв. Но, ние направивме уште еден додатен логор или Ц4, кој што беше на 6.450 метри, таму преноќивме и го искачивме успешно врвот на 14 август, вели Џидров.
Тој истакна дека предизвик за секој алпинист е да се качи на кровот на светот, односно на Монт Еверест, кој е висок 8.848 метри.
– Потребни се поголеми средства за да се искачи Монт Еверест или некаде околу 50.000 евра. Но сон на секој алпинист е да се искачи на овој врв, вели Џидров.
Тој го има освоено и врвот Монт Блан. Секоја планина има своја убавина, забележува Џидров. На француските Алпи е полесно искачувањето, а на Хималиите, на кој има 14 врвови е многу потешко, бидејќи си оставен самиот на себе.