Македонскиот репрезентативец Никола Кутаноски в недела ќе настапи на првите Медитерански игри на плажа кои се одржуваат во Пескара, Италија, информира Триатлон федерацијата на Македонија.
– Нашиот триатлонец Кутаноски настапува во дисциплината акватлон која се состои од трчање 2.200 метри, пливање 1.000 метри и повторно пливање 2.200 метри, соопшти Триатлон федерацијата.
Настапот на Кутаноски во Пескара, се нагласува во соопштението, е во соработка и со целосна покриеност и поддршка од Македонскиот олимписки комитет.