Остатоците од авионот, пронајдени на крајот од јули на островот Реунион во Индискиот Oкеан, му припаѓаат со сигурност на Боингот 777 на Малезија Ерлајнс кој сообраќаше на релацијата Кула Лумпур – Пекин, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова денеска го потврди Јавното обвинителство од Париз, во соопштението до медиумите.
Остатокот на делот од крилото беше пронјаден на 29 јули 2015 година на плажата на островот Реунион, но деталната потрага не донесе до нови откритија.
Авионот Бониг 777, со 239 патници и членови на екипажот, беше изгубен на радарските екрани на 8 март 2014, откако необјасниво излезе од предвидената маршута.
Се до откривањето на делот од крилата, истрагата тапкаше во место. Денешната потврда од француските власти, само става крај на неизвесноста за судбината на авионот, но не одговара за причините поради кои авионот се урнал.
Анализите во лабараторијата во близината на Тулуз, продолжуваат за да се открие причината за падот, со анализа на начинот на кој е деформиран авионскиот дел пронајден на плажата на Реунион.