Организаторите на антивладините демонстрации во Куала Лумпур, што се одржаа минатиот викенд, добија налог да платат 65.000 рингити, (15.535 долари), како надомест за чистење на плоштадите на кои движењето „Бериш’’ бараше оставка на премиерот Разак.
Налогот за плаќање на чистењето на плоштадите го потпишал лично министерот за Урбана благосостојба и локална управа Абул Рахман Далан, кој ги обвини демонстрантите за „дивеење’’, иако ни во саботата ни во неделата меѓу 350-те илјади демонстранти и полицијата немаше судир.
Според министерот Далан, учесниците во антивладиниот протест дека не бирале место за уринирање и фрлање отпадоци од храна. Министерот додава дека накнадно ќе бидат пресметани материјалните штети, ако се утврди дека нешто е демолирано. За тоа градскиот совет на Куала Лумпур ќе доставел сметка на организаторите на протестите, кои според овој минисер, собрале над 2,5 милиони рингити прилози.