Лекарите во Кина неодамна се соочија со крајно необичен случај. Лијанг Чужем од Сичуан им се обрати за помош поради голема тврд израсток на главата.
Оваа 87-годишна жена овој „рог“ го има веќе две години и тој постојано расте.
Се започнало со чешање, така што членовите на семејството и подготвиле традиционален лек, кој го користела без да има никакви споредни ефекти. Меѓутоа кусо потоа и се појавила бемка на главата и од неа почнал да и расте рог.
Бидејќи во почетокот не бил голем, Чужен не одела на лекар, но откако случајно го открила израстокот, од истото место почнал да и расте огромен рог, кој достигнал 13 сантиметри должина и пречник од пет сантиметри за само шест месеци. Овој пат пензионерката не можела да го игнорира проблемот и се обратила на лекар.
– Сега е и болно. Некогаш толку многу ме боли, што ме буди од сон, вели таа.
Лекарите утврдиле дека станува збор за кератински рог, специфичен вид на тумор, но стравуваат дека можеби е малиген израсток.