Во Радовиш изгоре куќа, тешко повреден е еден пожарникар

Од:

Целосно е изгорен вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш во пожар што избувна попладнево на улицата „Партизанска“. При гаснењето на пожарот тешко е повреден и еден пожарникар, кој има скршеници на ногата, по што е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје.

Командирот на ТППЕ- Радовиш, Ѓеро Коцев вели дека од страна на соседи е пријавен пожарот во 13 часот и 50 минути,  а сопственикот на куќата не бил дома.

-Во гаснењето на пожарот учествуваме девет пожарникари со три противпожарни возила, пламените ајзици брзо се ширеа, бидејќи куќата е изградена од трска. Според увидот, кој е направен пожарот настанал најверојатно од компјутерот, а потоа се проширил на завесата и на останатат покуќнина, вели Коцев.

Додаде дека при интервенцијата, пожарникарите успеале да ја спасат и соседната куќа, чија кровна конструкција била на само неколку метри од опожарената куќа.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски