Топ 10 најпопуларни пива на светот

Од:

Ако сакате пиво, а ве интересира кои марки ги заземаат првите места по продажбата на земјината топка, се наоѓате на вистинско место. Е сега, листата веројатно ќе ве изненади, бидејќи некои од овие пива никогаш не сте ги пробале, ниту пак сте слушнале за нив, пишува дневник.хр

10. Coors Light

Листата ја отвораме со американското пиво Coors Light. Се продава од 1978 година и веќе со години е меѓу најпродаваното пиво на светот.

9. Брахма

Иако во Бразил најпопуларно пиво е Скол, тоа за разлика од Брахмата не е изворно бразилско. Брахмата се произведува уште од крајот на 19 век и е најконзумирано јужноамериканско пиво на оваа листа.

8. Харбин

Харбин инаку го добило името според град во северна Кина, а лани се испиле 2,8 милијарди литри!

7. Хајнекен

Конечно нешто познато на сите, а се работи за најпопуларно европско пиво кое потекнува од Амстердам. Постои веќе 150 години, а просечно годишно се пијат 3 милијарди литри.

6. Јанјинг

Второ кинеско пиво во ТОП 10. На своите шишиња се гордее со натписот Официјално државно кинеско пиво. Сепак, земајќи го предвид бројот на жителите на Кина, не е ни чудо пивата што им се високо на листата.

5. Скол

Ова не е претерано популарно во САД, иако од таму потекнува, но затоа многу го обожуваат во Бразил и Хонг Конг и е петто на светот!

4. Бадвајзер

Вистина неговиот брат Бад е многу попродавано пиво, но кога ќе се собере целата продажба, Бад и Бадвајзер би го зазеле второто место. Имено, Бадвајзер годишно се пие 4,4 милијарди, па ни комбинацијата со Бад не го надминува најомиленото пиво на светот.

3. Бад Лајт

Трето најпродавано пиво е Бад Лајт, воедно и најпопуларно во САД. Годишно покрива нешто повеќе од 2,5 отсто од светскиот пазар, а се испива над 5 милијарди литри.

2. Цингтао

Се произведува уште од дамнешната 1903 година, а го создале Германците и Британците населени во Кина. Извозот во САД почнал пред 40 години па ова пиво е апсолутно број 1 кога се работи за извозните кинески пива.

1. Сноу

И по Кинезите, Кинезите! Годишно во Кина се пијат над 10 милијарди литри од ова пиво, поради што денес е најпродавано на светот. Се уште може да се купи само во Кина, а со оглед на бројот на Кинезите излегува дека секој жител пие осум литри Сноу годишно!

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски