Малезија бара соработка од „Фејсбук“ и „Твитер“ за ограничување на „лажни информации“

Од:

Малезиските власти сакаат социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и гигантот во областа на пребарувањето на интернет „Гугл“ да го ограничат споделувањето на „лажни информации“, соопшти денеска висок службеник, пренесува ДПА.

Информацијата доаѓа во време на зголемен напор на малезискиот премиер Наџиб Разак да ги отфрли обвиненијата за вмешаност во корупција.

Малезиската Комисија за прашња од комуникацијата и мултимедија се очекува да се сретне со шефовите на трите компании со цел да побара нивна соработка за спречување на ширењето на лажни информации, изјави малезискиот министер за комуникации и мултимедија Салех Саид Керуак.

Според него владата може да го блокира пристапот до некои апликации, но нема да го направи тоа бидејќи голем број луѓе ги користат за легитимни причини.

– Постојат закони во Малезија, со кои се уредува објавувањето на лажни и непотврдени информации, и објавувањто на такви информации и тоа дејствие претставува кршење на тие закони, изјави Керуак.

Премиерот Наџиб Разак и владата се најдоа на остри критики во социјалните мрежи по наводите во весникот „Волстрит џурнал“ од јули според кои над 670 милиони долари на банкарски сметки на премиерот можеби се од државниот фонд за развој. Малезиската комисија за борба против корупцијата изјави дека парите се донација од Блискиот Исток, но не даде повеќе детали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски