На западниот брег на Мексико, односно водите околу Гвадалупе се Мека за ајкулите, што привлекува многу луѓе од целиот свет со надеж дека ќе видат ретки примероци од овие опасни суштества.
Биологот Маурисио Хојос постави на Фејсбук видео на кое како што тврди е најголемата бела ајкула некогаш снимена-долга околу 20 стапки односно 6 метри.
Повеќето бели ајкули се со големина од 12 до 14 стапки (3,5 – 4 метри) вели Кристофер Лоу, биолог на Калифорнискиот државен универзитет во Лонг Бич и според него јасно е дека се работи за многу голем примерок на оваа ајкула.
Во исто време, бројот на белите ајкули-најголемите грабливи риби се намали нагло во последниве децении со прекумерниот риболов поради нивните перки и забите. Меѓународната унија за заштита на природата наведе дека белите ајкули се во изумирање.