„Ер Њу Зеланд“ објави ново видео за безбедноста во авионите, а станува збор за пародија на филмот „Луѓе во црно“.
Оваа авиокомпанија е позната по екстремно креативните и забавни снимки со кои им ги објаснува на патниците правилата на однесувањето во авионот.
Овој пат на снимката се играчи од All Blacks националниот рагби тим и новозеландскиот музичар Стен Вокер.
До сега „Ер Њу Зеланд“ сними филм за информирање патници на тема „Господар на прстените“ и „Хобит“ кои го прегледале милиони луѓе од целиот свет.
Новото видео од сега се прикажува во сите авиони на овој превозник.