Нашиот кошаркарски шампион, тимот МЗТ поразен се враќа од гостувањето кај Сплит во натпреварот од АБА лигата.
Конечниот резултат изнесуваше 73:65 во корист на домаќинот Сплит. Ова е трет последовен пораз на МЗТ по стартните две победи.
Кај екипата на Сплит најдобар поентер беше Мимица со постигнати 22 коша, додека пак кај нашиот претставник Дејвис со 16 коша беше најефикасен.
Наредниот натпревар нашиот претставник го игра во сабота со почеток од 17:00 часот.