Астронаутите во МВС добија вселенска салата на менито

Од:

На менито на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) новина е салата направена на станицата, што претставува прва конзумирање билка одгледана во орбитата, пишува „Вашингтон пост“.

Експериментот на НАСА е почнат минатата година под наслов Вег-01, со цел да се проучи дали во орбитата е можно да се одгледуваат семиња од некои билки, што би можело да биде корисно за астронаутите за некои идни мисии на оддалечените планиети, како на пример, Марс.

Астронаутите првпат ќе можат да го пробаат она што го засадиле на станицата. Имено, стаклената градина на МВС постои уште од 2002 година и нејзината крајна цел беше да се утврди дали може во микрогравитацијата да се одгледува храна за јадење. Но, на екипажот досега од безбедносни причини не му беше дозволено да вкусат од билките одгледувани во Вселената.

Во склоп на системот Вег-01 се користат однапред подготвени семки кои растеле под зелени, сини и црвени ЛЕД светилки, поради што листовите од салатите се со пурпурно-зелена боја.

Уште минатата година билките успешно се одгледуваа на тој начин, но прво мораше да бидат вратени во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида за да можат научниците да потврдат дали во целост се сигурни за конзумирање. Бидејќи добиле „зелено светло“, астронаутите ја повториле постапката и сега ќе уживаат во плодовите на нивниот труд.

– Познато е дека свежите намирници, како домати, боровинка и салати се одличен извор на антиоксиданси. Да се има при рака свежо овошје и зеленчук од вакви вселенски градини би можело да има одлично влијание на општата состојба и расположение на астонаутите и да им се овозможи заштита од вселенската радијација, вели Рај Велер од Центарот „Кенеди“.

Освен за потребите на исхраната, занимавањето со градинарство е добро и за психолошката состојба на жителите на МВС, бидејќи потсетува на животот на Земјата, сметаат научниците.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ