Кога богат татко ќе го однесе синот да види како живеат сиромашните?

Од:

Богат човек одлучил да го земе својот помлад син на пат, за да ја научи лекцијата за тоа како изгледа да се биде сиромашен. По патувањето, таткото беше изненаден од реакцијата на неговиот син.

Оваа инспиративна приказна ја постави Ден Асмусен на неговот Фејсбук профил, која со неверојатна брзина се прошири на социјалните мрежи, пренесува порталот cafe.ba.

А приказната почнува вака:

– Еден ден, таткото го однел својот син на пат во една земја за да му покаже како изгледа да се биде сиромашен. Минале неколку дена и ноќи на една фарма кај семејство за кое може да се каже дека е сиромашно.

По завршеното патување, таткото го прашал синот дали му се допаднал патот.

– Беше одлично тато, рече синот.

– Дали гледаш колку можат луѓето да бидат сиромашни?, го прашал таткото, на што момчето рече О, да.

– Што научи на ова патување? , а синот одговори следново:

– Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен насред двор, а тие имаат река на која не се гледа крајот. Ние имаме многу ламби по нашиот двор, додека тие имаат ѕвезведно небо. Нашиот двор е заграден и ограничен, додека тие имаат цел хоризонт. Ние имаме мал дел од земјата на која живееме, доде тие имаат пространство кое нема граници. Ние имаме слуги кои не служат, додека тие други услужуваат. Ние купуваме храна за нас, додека тие ја одгледуваат за себе. Ние имаме ѕидини около нашиот имот за да не чува, додека тие имаат пријатели кои тоа го прават.

Таткото на момчето занемел кога синот го раскажал своето доживување, на што момчето само додаде дека од ова патување тој сфатил дека тие се оние кои всушност се сиромашни.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ