Разак: Деловите пронајдени на Реунион се од исчезнатиот малезиски авион

Од:

Авионските делови што беа пронајдени на францускиот остров Реунион во Индиксиот Океан му припаѓаат на авионот на „Малезија Ерлајнс“ што исчезна лани на лет од Куала Лумпур кон Пакинг, соопшти вечерва малезискиот премиер Наџиб Разак.

– Денеска, 515 дена по исчезнувањето на авионот, со тешко срце соопштувам дека меѓународниот експертски тим потврди дека авионските делови пронајдени на Реунион се од летот МХ370, изјави Разак на прес-конференција во Кѕала Лумпур.

– Со ова имаме физички доказ дека, како што соопштив на 24 март минатара година, авионот на летот МХ370 завршил трагично во јужниот дел на Индискиот Океан, додаде Разак.

„Боингот 777“ на компанијата „Малезија Ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот, исчезна на 8 март 2014 година набрзо по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг.

Малезиските власти сметаа дека според сигналите на авионот регистрирани од сателит, леталото најверојатоно се урнало во јужниот дел на Индискиот Океан. Потрагата по леталото продолжи сите овие 18 месеци, иако во јануари годинава Владата во Куала Лумпур ги прогласи за починати сите патници во исчезнатиот авион.

Реунион Авион

Минатата среда делови од авионско крило беа откриени на Реунион во западниот дел на Индискиот Океан, на 4.000 километри подалеку од областа каде што се претпоставуваше дека се урнал авионот.

Француските власти најдените делови ги префрлија на детално испитување во Тулуз во Франција, каде од денеска меѓународен експертси тим започна со нивна анализа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски