На зградата Емпајер Стејт во Њујорк синоќа беше прикажана голема слика на лавот Сесил, во рамките на иницијативата за подигнување на свеста за судбината на загрозените животни.
На јужната фасада на Емпајер Стејт, една од најголемите туристички атракции во Њујорк беше прикажано осумминутно видео кое содржеше фотографии од загрозените животни, меѓу кои централно место имаше лавот Сесил.
На интернет и во САД покрената е хајка против Волтер Џејмс Палмер, американски стоматолог, кој им плати на двајца организатори на сафари 50.000 евра за да го убие лавот со црна грива во Зимбабве.
Лавот Сесил, стар 13 години беше миленичетна посетителите на Националниот парк Хванге.