Вучиќ: Србија ќе има најмногу автопати во овој дел на Европа

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека со завршување на Коридорот 11, Србија ќе има најмногу километри автопат пропорционално на површината на својата територија.

– Градиме огромен број километри автопатишта. Само на Коридорот 10 се градат 85 и 80 километри, покрај останатите 138 километри на друго место. Тоа се 300 километри кои треба да бидат готови во следните две години, истака Вучиќ на прес-конференција.

Тој нагласи дека за останатите проекти, за кои треба да се потпишат договори, се уште не е договорен модел и треба да се разгледа дали во зделките ќе учествуваат Кинезите или Азербејџанците.

Српскиот премиер додаде дека Коридорот 10 ќе биде завршен три месеци порано, така што кон Македонија и Бугарија ќе се патува по автопат.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија