Малезискиот премиер ги смени својот заменик и државниот обвинител

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак, во драматично обраќање на нацоналната телевизија, денеска соопшти дека го сменил заменик-премиерот Мухјидин Јасин.

Според Разак, неговиот заменик не работел како дел од тимот на неговата Влада, бидејки јавно барал да се испита скандалот поврзан со обвинувањата дека премиерот на лични сметки добил над 700 милиони долари од државниот Фонд за развој на Малезија.

Речиси истовремено државната новинска агенција Бернама пренесе дека е сменет и државниот обвинител Гани Патаил, кој пред една недела лично ја презеде истрагата околу коруптивниот скандал поврзан со премиерот.

Документи за трансакции на средства кои докажуваат дека од државниот Фонд за развој на Малезија на сметките на премиерот Разак се префрлени над 700 милиони долари, прв објави тиражниот „Азијан Волстрит Џурнал“.

Малезискиот премиер најави тужба против весникот, но до сега негирањето на точноста на информациите се сведе на убедувањата од страна на адвкатскиот тим на Разак весникот да го дематира пишувањето за скандалот.

Фондот за развој на Малезија, ИМБД, кој е формиран на иницијатива на сегашниот премиер во 2012 година, негира дека преку неколку трансакции минатата година на личните сметки на премиерот Наџиб Разак легнале спорните 700 милиони долари.

Од Фондот ги потврдија наводите на еден опозициски весник дека ИМБД лани работел со загуба од над девет милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски