Најмалку 14 лица загинаа синоќа во самоубиствен бомбашки напад во градот Маруа во северниот дел на Камерун, само три дена по двата координирани напада, кои најверојатно беа извршени од исламистичката група „Боко харам“.
– Станува збор за самоубиствен бомбашки напад извршен од жена. Досега се идентификувани 14 загинати лица, меѓу кои е и бомбашот-самоубиец, изјави локален претставник.
Повеќе од 50 луѓе се убиени во средата во Камерун и Нигерија во напади за кои се претпоставува дека ги извршиле припадници на „Боко харам“.
Групата „Боко харам“ се бори за создавање исламски калифат во северниот дел на Нигерија, кој е населен главно со муслимани, но дејствува и во соседните земји.