Една жена од Флорида фотографира неверојатна глетка во нејзиниот двор. Имено, една огромна црна мечка залутала до нејзината куќа, а тоа што го направила го насмеало целото семејство.
Мечката пронашла вреќа со десет килограми кучешка храна во гаражата, ја зела со себе до дворот и ја изела наеднаш, а потоа се онесевестила и заспала. Жената го повикала соседот кој имал искуство со мечки и ги ловел.
Боб ја сликал огромната мечка од 250 килограми како спие на грби тоа среде двор.
– Мечката се превртуваше три или четири пати и еднаш се истегна. Околу еден час, еден час и пол само лежеше, рече Боб.
По еден час и пол, мечката замина назад во шумата. Неговите фотографии го свртеа светот и стана вистински хит на Интернет.