Македонката Билјана Миланова ја доби довербата од УЕФА да биде дел од четворката која ќе суди на полуфиналната пресметка меѓу Германија и Шведска на Европското првенство за жени до 19 години кое се одржува во Израел.
Миланова ќе биде прв помошник на главниот судија Ештер Азаопарди од Малта.
Почетокот на натпреварот е утре во 18 часот.
По овој натпревар следува второто полуфинале, од 20 часот и 30 минути ќе играат Франција и Шпанија.