БТА – Софија
Во услови на промена на климата на глобален и регионален план, бројот и интензитетот на опасните и на посебно опасните појави од хидрометеролошки карактер се зголемуваат.
– Оваа тенденција се набљудува во реони од светот во кои се појавуваат и развиваат тропски циклони, но тука е и Бугарија, изјави во интервју за БТА, Георги Корчев од Националниот институт за метереологија и хидрологија (НИМХ) при Бугарската академија на науките (БАН). Тој е и поранешен директор на НИМХ.
Порастот на опасните природни појави е светска тенденција која е забележана во различни меѓународни извештаи кои се подготвени по барање на специјализирани агенции на ОН, вели Корчев. Тој потенцира дека пред еден месец завршил редовниот конгрес на Светската метереолошка организација, на која било рагледувано и прашањето за опасните природни појави.
Опасни појави се ураганите, поплавите, сушите, високите и ниските температури
– Меѓу опасните појави спаѓаат и тајфуните, ураганите, поплавите, сушите, рекордно ниските и високите температури, но и силниот ветер, објаснува Корчев. Според него, сушите се повеќе се поврзани со промените на климата кои се случуваат на одредена географска ширина. Во последните 10-15 години беа измерени рекордно високи температури – единствено 2014 година беше влажна година, потсети метереологот.
– НИМХ прави проценка на годината откако таа ќе заврши, но веќе измина половина година од 2015 и таа се покажа како доста дождлива за минатите шест месеци и доста студена, коментира Корчев.
Тој додаде дека започнуваат потопли денови и тие исто така можат да се разгледуваат како појава на климата која се менува. Метереологот потсети дека топол бран во Европа имаше и во 2003 година, а сега само пред една седмица во западна Европа беа регистрирани рекордно високи температури од над 40 степени Целзиусови во Германија, кои не се типични за тие географски ширини.
Промените во последно време кон потопло време со високи температури, се резултат од тие варијации на климата, која се следи во различни географски региони, објасни метереологот.
Во НИМХ се прават системи за рано предупредување од поплави или високи бранови
Националниот институт за метереологија и хидрологија многу сериозно работи на изградба на мониторинг систем за следење на површинските води и за системи за рано предупредување од поплави. Но, тие системи во голема мерка зависат од спецификата на речните басени кон кои тие се адаптираат, вели Корчев.
Тој објаснува дека НИМХ има веќе неколку проекти за создавање на предупредувачки системи за реките Тунџа и Марица. По бугарско-грчки проекти изградивме таков предупредувачки систем за Арда, а сега заврши и проектот за реките кои се вливаат во Дунав, изјави метереологот.
Според Корчев, не може да се изгради општ предупредувачки систем за поплавите, затоа што тоа треба да биде поврзано со конкретни речни водотеци за да предупредува за очекувани високи води. Целта на НИМХ е преку системите за рано предупредување од поплави да може да се сопштува за овие високи бранвои кои се очекуваат.
На тој начин ќе може да се предупреди населението и да се направи прогноза, но потоа други државни структури ќе треба да преземат мерки са спречување на очекуваните поплави, рече Корчев.
Тој подвлекува дека друга опасна појава е силниот ветер кој е карактеристичен за источннот дел на Бугарија, како и таканаречените силни бури по крајбрежјето на Црното Море. Бурите претставуваат комбинација на силен ветер и големи морски бранови, предизвиакни од него, објаснува метереологот. Тој потсети дека во 2012 година имаше голема бура која силно го погоди бугарското крајбрежје на Црното Море. Тогаш и песок од плажите беше повлечен во морето.
Научниците создаваат предупредувачки систем со кодови и за Црното Море
Рекордните високи и ниски температури исто се предмет на нашите предупредувања во рамките на европскиот систем за предупредвачки кодови – метеоаларм, вели Корчев. Тој истакува дека НИМХ ја вовел во 2010 годна и сега тоа обемно се користи од сите Бугари затоа што преку неа тие се ориентираат за очекуваните ниски или високи темератури во земјата.
Таков предупредувачи систем ќе направиме и за Црното Море, при што со симболи и со бои ќе објавиме какви бранови се очекуваат во нашата крајбрежна зона. Системот исто така ќе биде објавен на веб страната на НИМХ, соопшти метереологот.
Во 2014 година се измерени рекордни количества врнежи во нелои реони од земјата
Во 2014 година, НИМХ измери рекордно количества врнежи во некои од реони во Бугарија, потсети Корчев, кој тогапш беше директор на НИМХ. Во областа на Бургас на почетокот на септември минатата година, за 24 часа измеривме количества врнежи кои се карактерситични за две и половина или три месечни норми или над 200 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, рече метереологот.
Тој рече „како резултат на интензивните врнежи во Бугарија минатата година, предизвикани од човечката немарност и небрежност, имаше многу поплави од пролетта до есента 2014 година. По тие поплави државата презема мерки – преку Министерство за животна средина, за обемно чистење на речните корита, потенцира Корчев.
Според него, таквата дејност – за жал – не се одвивала во послените години. Затоа сега приоритетна дејност на националнте метереолошки служби низ светот е создавање на системи за рано предупредување од опасни и особено опасни метереолошки и хирдометереолошки појави, коментира експертот.