Еден загинат при експлозија во фабрика за азот во Турција

Од:

Еден работник загина, а друг е потешко повреден денеска при експлозија во фабрика за азот во градот Гемлик во западната турска провинција Бурса.

Како што објави интернет изданието на весникот „Хуриет“, причините за експлозијата засега не се познати, а нема ни инфорации за загадување на животната средина.

Претставник на спасувачките екипи соопшти дека под урантините предизвикани од експлозијата, пронашле безживотно тело на еден работник, како и уште еден негов колега кој со сериозно повреди е пренесен в болница.

Во време на експлозијата во фабриката се наоѓале само двете жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа