Во филипинското издание на меѓународното шоу за убавина и сексапил годинава победи актерката Џенилин Меркадо. Таа е прогласена за најсекси Филипинка во 2015 година.
Меркадо победи во конкуренција на сто кандидатки кои се пријавиле за натпревар што го организира филипинското издание на интернет мрежата ФХМ (For Him Magazine ), во која се избира и најсекси жената на светот.
Победничката Џенилин на својот твитер напиша дека за да се биде секси не треба да се гледа само на надворешниот изглед, туку е поважно како жената се грижи за себе. Треба да се има голема доверба во тоа што е покриено со убавата кожа, додала актерката.