Столтенберг и Милановиќ: Грција е сојузник и проблем

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во заедничката изјава, по денешната средба, оценија дека Грција е силен сојузник во рамките на НАТО но и потенцијален безбедносен проблем.

– Грција била и остана силен сојузник. Грчката Влада повеќе пати потврди дека нема да ја поврзува должничката криза со својата цврста посветеност на НАТО, истакна Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.

Милановиќ наведе дека ситуацијата во Грција ја смета за најголем безбедносен проблем.

– Тоа не е прашања со кое НАТО директно треба да се занимава, но сето тоа што се случува или би можело да се случи е безбедносно прашање, истакна хрватскиот премиер.

Тој додаде дека ако Грција не се договори со кредиторите тоа најверојатно ќе значи понатамошен пад на грчкиот бруто домашен производ, помала куповна моќ. многу помалку пари за одбрана и нестабилно општество.

Би можело да ве интересира

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник

Хорор во Загреб: Маж шетал гол по улица и со секира кршел автомобили, а во неговата куќа пронајдено е тело на жена

A1on

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски