(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа вчера загинаа 24-годишниот Еди Зѓелар и неговата сопруга. БМВ-то во кое беше и нивното дете со голема удри во камион на автопат.

Само неколку минути пред несреќата, тој на социјалните мрежи објавил видео на кое се гледа како со БМВ со брзина поголема од 200 км/ч се движи по автопат, а на видеото се гледа и дека врне. Зџелар во еден момент се снима како се поздравува со пријателите и вели дека оди на крштевка.

Како што дознава Индекс, Зѓелар веќе и е познат на полицијата поради сообраќајни прекршоци, а ова не му е прва сообраќајна несреќа што ја предизвикал.

Полицијата денеска објави извештај за несреќата во која загинаа Зѓелар и неговата сопруга синоќа на автопатот А3 меѓу клучката Окучани и Новска.

На фотографиите од местото на несреќата се гледа искршено БМВ, а во автомобилот било и двегодишното дете на починатата двојка, на кое по укажаната помош во КБЦ Загреб животот не му е загроезен, но е тешко повредено.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка