Откриено зошто папагалите се способни да имитираат

Од:

Невролозите откриле во мозокот на тигрестиот папагал необичен ‘кожурец’ од два слоја неврони, којшто недостига кај другите видови птици, кој им помага на папагалите да запаметат делови од говорот на стопаните и да имитираат некој вид „дијалог“, се наведува во студијата објавена во списанието PLoS One.

„Кога јас и Мукта ги видовме тие центри, веднаш помисливме како сме можеле да ги игнорираме цело време, како нашите колеги не ги виделе? Најмногу нашето изненадување се однесуваше на човечката психологија, а не на тоа како е изграден папагалскиот мозок. Кога го забележавме тој дел од мозокот, сé стана очигледно. Имам примероци, од пред 15 години, и сега лесно можам да ги увидам тие региони на нив“, вели Ерих Џарвис, од американскиот Универзитет Дјук.

Џарвис и неговиот колега Мукта Чакраборти ја расветлија една од најголемите тајни на папагалите, проучувајќи ја структурата на мозокот на осум различни видови птици коишто имаат „моќ“ за говор од тропските предели на Австралија и Африка, како обичен тигрест папагал, африкански жако, аратинг, ара, корел и неколку видови амазонски папагали.

Споредувајќи ги активностите на генот во различните видови на нервните клетки кај папагалите и птици пејачки, невролозите пронашле во мозокот на првите необични региони, кои не постојат кај другите птици.

Како што објаснуваат Чакраборти и Џарвис, во мозокот на сите птици пејачки, вклучително и на папагалите, е забележано присуството на ткн „јадра на обука“, посебни одделни групи неврони коишто им овозможуваат на птиците да ги запаметат звуците коишто ги слушаат, да ги произведуваат и да правата од нив сопствени „ремикси“.

Генетската анализа покажала дека овие „јадра“ во мозокот на папагалите се устроени сосема поинаку, тие се опкружени со специјален „кожурец“ од неколку слоеви исти такви неврони, слични по својата структура на орев или на кукли наредени една во друга.

Колку што е поголем и поцврст овој „кожурец“, толку подобро папагалот ги запаметува зборовите и подобро ги користи за правење подолги реченици или имитирање на говорот. Оштетувањето или привременото исклучување, како што покажале експериментите со тигрестите папагали, ја лишуваат птицата од способноста да запамети нови зборови и изрази.

Интересно е што двајцата научници успеале да откријат уште една тајна на папагалите, односно зошто тие честопати „танцуваат“ на музика. Фактот дека споменатиот „кожурец“ е тесно поврзан со моторните центри во мозокот, најверојатно, му овозможува на центарот за говор тесно да го контролира јазикот на птиците и, како спореден ефект, и остатокот од телото.

Дури и најпримитивните видови папагали од шумите на Нов Зеланд имаат таков „кожурец“, иако неговата дебелина и димензии се многу мали. Тоа значи дека оваа група птици се здобила со способноста пред повеќе од 29 милиони години, долго време пред најпримитивни предци на човекот.

Сега Чакраборти и Џарвис ја дешифрираат структурата на гените, особено активните зони во споменатиот дел од мозокот на папагалите. Научниците се надеваат дека нивната работа ќе овозможи да се сознае како птиците се стекнале со оваа способност и поради што таа се „зголемила“.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он