Столтенберг: Има опасност од обновување на интензивните борби во Украина

Од:

Постои ризик од обновување на интензивните борби „во источна Украина, каде примирјето редовно се нарушува“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ТАСС.

Столтенберг денеска во Брисел зборуваше на отворањето на заседанието на комитетот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана.

-Русија и натаму ги поддржува сепаратистите, доставувајќи им оружје и војници. Таа задржа значителни сили на својата граница со Украина, додаде тој.

Шефот на НАТО подвлече дека најдобар пат за решавање на конфликтот е почитувањето на спогодбите од Минск и на тоа ги повика сите страни во конфликтот, забележувајќи јаособената одговорност на Русија.

На заседанието учествуваат министрите з аодбрана на 28-те земји членки на Алијансата, како и нивниот украински колега Степан Полторак.

НАТО ќе продолжи да и дава поддршка на Украина за реформите во армијата и за зголемување на нејизните одбранбени способности,  вклучувајќи ја и заштитата од кибер напади, но и Киев треба „да ја исполнува звојата улога во реформите“, забележа Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје