Малезиската јавност денеска е повторно шокирана од однесувањето на државните службеници кои, по своја мерка, проценуваат дали жените се пристојно облечени за да можат да влезат во владините институции.
Минатиот месец во министерството за сообраќај една жена беше натерана наместо здолниште, за да може да влезе, да се обвитка со традиционалниот „саронг’’, а денеска на две новинарки во провинциската влада во државата Селангор не им било дозволено да присуствуваат на прес-конференција, затоа што здолништата не им ги покривале колената.
Двете новинарки се сликале и фотографијата ја испратиле до членот на малезискиот Парламент Кланг Сантијаго, кој побара итна интервенција на премерот Наџиб Разак, укажувајки дека дискриминацијата поврзана со „дрес кодот’’ по мерка на државните службеници е се поприсутна во Малзија.
Минатиот месец министерот за транспорт на Малезија јавно се извини поради инцидентот со жената на која не и бил дозволен влез во неговото министерство, без да го смени здолништето со „саронг’’, а парламентарецот Кланг и огромен број постови на социјалните мрежи од премиерот Разак не само извинување, туку и строги санкции за државните службеници кои одлучуваат да го санкционираат облекувањето на жените.