Мажјакот Брзиот, 150 години стара желка, умре во зоолошка градина во Сан Диего, во Калифорнија, каде со децении беше најстариот жител.
Според весникот „Лос Анџелес Тајмс“ желката била заспана со инјекција, бидејќи долго време страдала од артритис и други болести.
Брзиот е жител на калифорниската зоолошка од 1933 година, кога е доведен, во рамки на програмата за заштита на загрозени животински видови, од еден од вулканските острови Галапагос. Во својата младост тој бил познат како алфа мажјак и често се тепал со ривалите.
Во зоолошката во Сан Диего живеат уште 13 други желки од Галапагос.