„LIVE YOUR GOALS“ кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал е означена како една од најпрепознатливите иницијативи на Светската фудбалска организација за унапредување на женскиот фудбал.
– Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ се зголемува популарноста на женскиот фудбал на локално, национално и глобално ниво. На тој начин и возбудата за најпопуларната игра во светот е многу поголема, велат организаторите на кмпањата.
Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра.
Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми –полова дискриминација. Затоа развојот на женскиот фудбал и учеството на девојките и жените во фудбалската игра е еден од главните приоритети на ФИФА.
– Со оваа кампања отвораме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта, истакнуваат од ФФМ.