Европската унија не го поддржува унгарскиот план за подигање ѕид на границата со Србија за да се спречи прилив на бегалци, изјави денеска Наташа Беро, портпарол на Комисијата.
– Не поддржуваме такви мерки и ги охрабруваме членките да најдат други начини за да се реши проблемот со бегалците, изјави таа.
Според неа, членките на ЕУ само одлучуваат како ќе ги обезбедуваат своите граници и Брисел нема овластување да забрани поставување ѕид.
– Неодамна се ослободивме од ѕидови во Европа и не треба сега да ги подигнуваме, изјави Берто.
Портпаролката рече дека ЕУ не поддржала сличен ѕид што Бугарија го гради на границата со Турција и не учествувале во тој проект.