Женската фудбалска репрезентација на Македонија домаќин на УЕФА развоен турнир

Од:

Женската репрезентација на Македонија до 18 години ќе биде домаќин на УЕФА развојниот турнир во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 18. до 21 јуни.

На турнирот покрај Македонија ќе учествуваат репрезентациите на Хрватска, Молдавија и Велс.

Распоредот на натпревари е следен:

18 јуни: (11 часот) Македонија – Молдавија; (17 часот) Хрватска – Велс.

19 јуни: (11 часот), Македонија – Велс; (17 часот) Молдавија – Хрватска.

21 јуни: (11 часот) Велс – Молдавија; (17 часот) Македонија – Хрватска.

– Подготовките и натпреварите од развојниот турнир на УЕФА за нас ќе бидат од голема корист за формирање на репрезентација која ќе игра квалификациски циклус во септември. Шанса за настап ќе добијат сите повикани девојки. Поради повреда недостасува Симона Крстановска, но очекувам другите фудбалерки да бидат нејзина соодветна замена во нападот. Се надевам на добра игра. Наша цел е да постигнеме позитивен резултат на турнирот, вели македонскиот селектор Астрид Мерко.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург