Владата на Република Маурициус ја именува Аменах Гариб-Факим за претседател на држава.
Гариб-Факим е првата жена именувана за претседател на Маурициус.
Таа е биолог со меѓународно реноме.
Гариб-Факим доаѓа на местото на Каилаш Пурјага, кој во петокот поднесе оставка од функцијата. Таа во петок ќе положи заклетва.