Меѓународниот суд на правдата одлучува за спорот меѓу Британија и Маурициус за архипелагот Чагос

Од:

Долгогодишниот спор меѓу Велика Британија и Маурициус, во врска со статусот на архипелагот Чагос, во Индискиот Океан, ќе биде испитуван од Меѓународниот суд на правдата.

Одлука за тоа донесе Генералното собрание на ОН со мнозинство гласови.

Маурициус која е поранешна британска колонија и која стекна независност во 1968 година, тврди дека островите што го сочинуваат архипелагот Чагос се дел од нејзината државна територија.

Тие острови во 1965 година, три години пред британското повлекување, се издвоени како посебна територија, а во 1966 година имсе издадени под наем на владата на САД.

Најголемиот од островите- Диего Гарсија- потоа беше претворен во голема поморска и воздухопловна база на американската армија, што и сега има големо стратешко значење.

Британија со години се сочува со барањата на жителите од Диего Гарсија, кои биле иселени од Американците за да се гради базата, а потоа и од безбедносни причини, да им се дозволи враќање на нивните имоти.

Британскиот Форин Офис изрази незадоволство од одлуката на ОН, целиот случај да му се префрли на Меѓународниот суд на правдата.

Според Министерството за надворешни работи, таквото решение е „ неумесно и несоодветно„. Во Лондон се смета дека спорот е работа која треба да ја разреѓат , меѓусебе, Маурициус и Британија, и за тоа нема потреба од интервенција на овој меѓународен суд.

– Суверенитетот на Британија врз архипелагот е сосема јасно определен- рекол претставник на Форин Офисот во Лондон.

Наемот на Американците за базата на Диего Гарсија истекува во 2036 година.

Одлуката на Меѓународниот суд на правдата, што е во надлежност на ОН, нема обврзувачки карактер.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он