Малезиската полиција откри 139 гробови со останки на имигранти

Од:

Полицијата во Малезија открила во близина на границата со Тајланд 139 гробови со посмртни останки на имигранти, а во некои од нив имало повеќе од едно тело.

Гробовите биле откриени во 28 кампови за трговија со луѓе на околу половина километар од границата во северниот дел на Малезија.

Портпаролот на полицијата изјави дека операцијата за откривање на гробовите почнала на 11 мај. Едниот од гробовите бил само на сто метри од масовната гробница, откриена претходно овој месец во Тајланд, од која беа ексхумирани 26 тела.

Југоисточна Азија се соочува со хуманитарна криза, предизвикана од илјадници бегалци од Мјанмар и Бангладеш, кои нелегално се пренесувани во Малезија и Индонезија, преку Тајланд.

Повеќе од три илјади имигранти, од кои повеќето припадници на муслиманската заедница Рохинги останаа заглавени во чамци на отворено море, откако властите во Тајланд презедоа енергични мерки против трговците со луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски