Хрватска мора да прифати 315 бегалци од Сирија

Од:

Хрватска мора да прифати 315 бегалци или 1,58 отсто од вкупно определените 20 илјади лица, кои ЕУ има намера да ги пресели од бегалските логори во Турција и Либан, за да ги распредели по земјите-членки на Унијата, јавија загребските медиуми.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека Хрватска во моментот нема закон за сместување на лица кои бараат азил, но подвлече дека тоа не значи оти земјата нема да се солидаризира со другите членки на ЕУ во оваа химанитарна операција.

Според Остоиќ, за сместувањето на имигрантите треба да расправаат хрватската Влада, како и Европскиот Парламент.

– Тоа не е ниту малку едноставна работа и за неа ќе треба да се договориме, рече Остоиќ.

Пред 1,5 година, Хрватска беше изложена на силен бран бегалци, кои бараа азил во земјата. Околу 45 отсто од нив ја напуштија Хрватска уште пред властите да одлучат за нивниот статус и да им одобрат азилантски престој.

Во оваа земја, најновата членка на ЕУ, постојат посебно уредени центри за илегални имигранти, кои се различна категорија од азилантите.

Министерот Остоиќ открива дека на две локации во Хрватска, се градат нови прифатилишта за имигрантите.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами