Каква ноќ! Тројца од најтесниот круг околу Грујо и од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки! Еден од нив е сивата еминенција Мијалков! Груевски призна дека „бомбите“ не се монтирани, туку автентични. Заев беше прав!
Се разбира, Груевски го прави ова со надеж дека сепак ќе ја спаси кожата. Се лаже, кутрото диктаторче. А колку ли се излажаа неговите послушници кои повикуваат на одбрана на Македонија, не знаејќи дека Груевски е готов сите да ги фрли од палубата, да ги жртвува не за спас на татковината, туку за сопствен спас, за спас на диктаторчето кој ја завитка Македонија во црно.
Битката не е завршена и нема место за еуфорија. Не смееме да заборавиме дека баравме оставка и од Тодоров. Не смееме да заборавиме дека се бара оставка од Адеми. Не смееме да заборавиме дека баравме оставка и од јавниот обвинител и од раководството на МРТ. И дека бараме оставка од владата, заедно со Груевски. Само така ќе ги освоиме слободата, демократијата и владеењето на правото, пишува Владимир Милчин на Фејсбук.